Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
19.02.2014
...
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Гевгелија

15.05.2012   Прк.бр 129/12-С
Прк.бр.129/12-С
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Основниот суд Гевгелија како првостепен прекршочен суд, во состав од судијата Иван Стаменов, како судија поединец, со записничар Веса Попова, постапувајки по Барањето за поведување на прекршочна постапка под бр.33.4.6.1-13 од 10.1.2012 година на МВР, ПС ОН Валандово, против обвинетиот Мемедов Мулут од Струмица, за прекршок од чл.231 ст.6 од Законот за безбедноста на сообракајот на патиштата, во отсаство на обвинетиот уредно викан, на ден 22.3.2012 година, согласно чл.109,114,117, 118,121,122 и 123 од ЗП, ја донесе следната:

П Р Е С У Д А

Обвинет Б. М. од татко А.со МБ …, роден на …година во С. каде и живее на ул…“ бр…. државјанин на РМ.

В И Н О В Е Н Е

ЗАТОА ШТО:

На ден 30.12.2011 година во 8,10 часот при сообраќајна контрола на Р-1401 поточно м.в…“ сопрено е ПМВ „…“ без регистарски таблици (со бр.мотор …и бр.шасија …) сопственост на Љ. П. од С. а управувано од обвинетиот.
Од извршената контрола од страна на униформираниот полициски службеник за БПС Г.Џ. е констатирано дека обвинетиот возилото во сообраќај на пат го управува без важечка возачка дозвола (не положено).

Со опишаното дејствие обвинетиот сторил прекршок по чл.231 ст.6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патишта вв со чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата (Сл.весник на РМ бр.161/09).

Врз основа на прописот со кој обвинетиот се осудува и со примена на одредбите од чл.4,14,15,16,18,21,25,109,114,117,118,121,122 и 123 од ЗП, на обвинетиот му

И З Р Е К У В А
Прекршочна санкција

Се изрекува глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност сметано по среден курс од 61,5 денари или во износ од 24.600,оо-/дваесет и четири илијади и шестотини/ денари.

Обвинетиот е должен изречената санкција-глобата во наведениот износ да ја плати во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата на уплатна сметка 840-115-05007, приходна шифра 722111, програма 00, начин 2, примач Буџет на
2.- Прк.бр.129/12-С

РМ и примерок од вирманите да достави во судот, во спротивно истата ќе се изврши по присилен пат.

Се задолжува обвинетиот да плати паушал во износ од 1.000,оо денари во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата на уплатна сметка Основен суд Гевгелија сопствени приходи 2901000744 631-10, приходна шифра 724132, програма 20 и примерок од вирманите да достави во судот во спротивно наплатата ќе се изврши по присилен пат.

О б р а з л о ж е н и е

МВР, ПС ОН В. поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка бр…. од 10.1.2012 година, против обвинетиот Б.М. од С., за прекршок од чл.231 ст.6 од ЗБСП.
Кон барањето ги предложи доказите записник за сторен сообраќаен прекршок, наредба и платен налог бр…..

Постапувајки по барањето судот закажа претрес и го повика обвинетиот за ден 22.3.2012 година на кој претрес обвинетиот иако уредно викан видно од повратената доставница на кое е констатирано дека „зима не потпиша“ истиот не се јави и своето недоваѓање не го оправда, поради што судот следуваше согласно чл.109 и 114 од ЗП да му суди во отсаство.

Судот ги изведе предложените докази изврши увид во записник за сторен сообраќаен прекршок, наредба и платен налог бр… и по оцена на истите ценејки ги поединечно и во целина ја утврди следната фактичка состојба:
Обвинетиот Б. М.е со постојано место на живеење во С.. На ден На ден 30.12.2011 година во 8,10 часот при сообраќајна контрола на Р-1401 поточно м.в.„…“ сопрено е ПМВ „..“ без регистарски таблици (со бр.мотор … и бр.шасија ….) сопственост на Љ. П. од С.а управувано од обвинетиот и од извршената контрола од страна на униформираниот полициски службеник за БПС Г. Џ. е констатирано дека истиот возилото во сообраќај на пат го управувал без важечка возачка дозвола (не положено).

По однос на правната оцена на делото се утврди да во дејствијата на обвинетиот се содржани елементите на прекршокот по чл.231 ст.6 од ЗБСП вв со чл.7 од ЗИД на ЗБСП (Сл.весник на РМ бр.161/09), бидејки се утврди да обвинетиот како возач постапил спротивно на одредбите од ст.1 на овој член односно во сообраќај на пат управувал возило без важечка возачка дозвола (не положено).

Ваквиот заклучок произлегува од доказите кој судот ги изведе во текот на постапката и на кој им поклони верба и тоа:
Од извршениот увид во записник за сторен сообраќаен прекршок, наредба за исклучување од сообраќај се утвдија фактите да на ден
3.- Прк.бр.129/12-С


30.12.2011 година во 8,10 часот при сообраќајна контрола на Р-1401 поточно м.в.„…“ сопрено е ПМВ „..“ без регистарски таблици (со бр.мотор .. и бр.шасија …) сопственост на Љ. П. од С. а управувано од обвинетиот и од извршената контрола од страна на униформираниот полициски службеник за БПС Г. Џ. е констатирано дека истиот возилото во сообраќај на пат го управувал без важечка возачка дозвола (не положено).

Од извршениот увид во платниот налог за наплата на глоба бр…. се утврдеија фактите да обвинетиот не постапил по платниот налог и глобата не ја уплатил.

При одмерување на видот и висината на санкцијата судот ги имаше во предвид сите околности кои влијаат санкцијата да биде поголема или помала (отежнителни и олеснителни) согласно чл.25 од ЗП, при што како отежнителни околности судот ги зема во предвид степенот на прекршочната одговорност согледена преку настанатата конкретна последица, начинот на сторување на прекршокот, зачестеноста на овој вид на прекршоци, а како олеснителни околности судот не беше во можност да цени со оглед да на обвинетиот му се суди во отсаство, при што се имаше во предвид да обвинетиот не постапил согласно чл.49 т.4 од ЗП односно не ја уплатил глобата во законски предвидениот рок, па во рамките на наведените околности судот на обвинетиот му изрече санкција-глоба на начин како во диспозитивот на пресудата сметајки дека истата доволно ќе влијае да обвинетиот во иднина не врши други казниви дејствија и ќе се постигнат целите на казнувањето.

Согласно чл.122 ст.1 т.6 од ЗП, судот го задолжи обвинетиот да плати паушал износ од 1.000,оо денари во рок од 15 дена од денот на правосилноста на одлуката, во спротивно наплатата ќе се изврши присилно согласно чл.148 од ЗП.

Основен суд Гевгелија Прк.бр.129/12-С од 22.3.2012 година


Записничар С у д и ја,
Веса Попова Иван Стаменов


ПРАВНА ПОУКА. Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена, од денот на приемот преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.




Назад