Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
19.02.2014
...
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Гевгелија

14.04.2010   К.бр 17/10
К.бр.17/10
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНИОТ СУД ГЕВГЕЛИЈА како првостепен кривичен суд, во совет составен од судијата Маја Аврамова, како Претседател на советот и судиите поротници Силвана Киковиќ Стојковиќ и Живко Кочев, членови на советот, со записничар Нада Милкова, во предметот против обвинетиот Ш. Б. од В., К., за кривично дело Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ, по обвинителниот акт Ко.III.бр.17/10 од 18.01.2010 година на Основното јавно обвинителство Гевгелија, по одржаниот главен, јавен и усмен претрес во присуство на Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија Катица Јанева, обвинетиот со бранител К. Н., адвокат од Г. и судскиот преведувач М. Т. од М., на ден 02.02.2010 година ја донесе и објави следната
П Р Е С У Д А

Обвинетиот Ш. Б.од татко Ш. мајка Р. роден на ден 0. година во В., К., каде и живее, писмен, со завршено средно образование, невработен, женет, татко на едно дете, по националност Албанец, државјанин на Косово, војска нема служено, безимотен, неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело,

В И Н О В Е Н Е

ЗАТОА ШТО

На 17.01.2010 година во 16,00 часот, на Граничниот премин Б., при излез од Република Македонија, како сопатник во ПМВ марка „БМВ“ со француски регистарски таблици бр.6., управувано од М. Б. при пасошка контрола пред овластено службено лице ја употребил како вистинска преправената вистинска јавна исправа-швајцарска дозвола за престој на странец со сериски број А 1. на која е извршено бришење на оригиналните податоци и се внесени податоци од обвинетиот и е извршена замена на фотографија со фотографија на обвинетиот.

Со наведените дејствија обвинетиот Ш. Б. од В., К. сторил кривично дело Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ.

Судот врз основа на прописите по кои обвинетиот се осудува и со примена на одредбите од чл.4,7,32,33,34,35,38-г, 39,40,41,47 и 100-а ст.2 од КЗ и одредбите од чл.89,92 од ЗКП-пречистен текст, обвинетиот го

О С У Д У В А

На казна затвор во траење од 30-триесет дена.

Во изречената казна затвор спрема обвинетиот се засметува и притворо определен со решение на Кривичниот совет на овој суд Кс.бр.4/10 од 18.01.2010 година, продолжен со решение на судечкиот совет К.бр.17/10 од 02.02.2010 година, сметано од денот и часот на лишувањето од слобода-17.01.2010 година од 16,00 часот.

На обвинетиот Ш. Б. му се изрекува споредна казна – Протерување странец од земјата во траење од 2-/две/ години, започнувајќи од денот на протерувањето на обвинетиот од територијата на Република Македонија.

СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетиот да ги надомести трошоците на кривичната постапка во вкупен износ од 1.600,оо- илјада и шестотини денари, веднаш по правосилноста на пресудата.

СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетиот да плати паушал во корист на буџетските средства во износ од 2.000,оо-две илјади денари, веднаш по правосилноста на пресудата.

Согласно чл.100–а ст.2 од КЗ, од обвинетиот СЕ ОДЗЕМА преправената вистинска јавна исправа- дводелна швајцарска дозвола за престој на странец со с/б А 1. на име обвинетиот Ш. Б. како предмет употребен за извршување на кривичното дело.

О б р а з л о ж е н и е

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе обвинителен акт Ко.III.бр.17/10 од 18.01.2010 година со предлог за определување притвор против обвинетиот Ш. Б. од В., К., за кривично дело Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ, по кој во овој суд е заведен кривичниот предмет К.бр.17/10.

На одржаниот главен, јавен и усмен претрес Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија Катица Јанева, го поддржа обвинението во целост и предложи обвинетиот да биде огласен за виновен и казнет согласно законот.

На главниот претрес обвинетиот Ш. Б. во своја одбрана наведе дека точни се наводите во обвинителниот акт дека на 17.01.2010 година околу 16,00 часот на ГП Б. на излез од Р.Македонија пред овластени службени лица ја употребил швајцарската дозвола за престој на странец, но за истата сметал дека е оригинална, ја набавил неколку дена пред критичниот настан откако на 03.01.2010 година во П. се сретнал со едно лице кое се понудило да му набави ваква исправа, на истото му платил 2.500 евра, му дал и две фотографии и документ од општината каде живее дека не е осудуван, после една недела истото лице му ја дало оваа исправа, имал намера да замине на привремена работа во Швајцарија, возилото со кое пристигнал до Граничниот премин Б. го управувал неговиот зет од сестра, со истиот требал да патува до Франција. Наведе дека не се посомневал во вистинитост на исправата, сметал дека е оригинална, а кога би знаел дека не е оригинална не би ја употребил, ниту пак би платил пари за истата. Се кае за стореното.

Судот ги изведе предложените докази и тоа изврши увид во во потврда за привремено одземени предмети бр.22.14-29/04 од 17.01.2010 година на БЈБ СГР РЦ за ГР „Ј.“ ПС за ГК Б. вештачење бр.19.9-2117/11 од 18.01.2010 година на МВР Ц. п. с. - О. за к. т.С. во швајцарска дозвола за престој на странец-дводелна со сериски број А. на име Ш. Б. и во косовска патна исправа со с/б К. на име на обвинетиот, па по оцена на изведените докази поединечно и во целина, имајќи ја во предвид и одбраната на обвинетиот и неговото признание, ја утврди следната фактичка состојба:
Обвинетиот Ш. Б. е на возраст од 2. години, со постојано место на живеење во В.-К., неосудуван е, не се води постапка за друго кривично дело. Истиот, на 17.01.2010 година во 16,00 часот, на Граничниот премин Б., при излез од Република Македонија, како сопатник во ПМВ марка „БМВ“ со француски регистарски таблици бр.6., управувано од М.Б. при пасошка контрола пред овластено службено лице ја употребил како вистинска преправената вистинска јавна исправа-швајцарска дозвола за престој на странец со сериски број А 1. на која е извршено бришење на оригиналните податоци и се внесени податоци од обвинетиот и е извршена замена на фотографија со фотографија на обвинетиот.

Горенаведените факти судот ги утврди изведените докази и тоа:
Од потврдата за привремено одземени предмети бр.22.14-29/04 од 17.01.2010 година на БЈБ СГР РЦ за ГР „Ј.“ ПС за ГК Б., се утврди дека од обвинетиот, меѓу другите предмети, е привремено одземена швајцарска дозвола за престој на странец со сериски број А 1. што ја употребил на Граничниот премин Б. Од оригиналната косовска патна исправа со с/б К0. на име на обвинетиот, се утврди неговиот идентитет.
Од вештачењето бр.19.9-2117/11 од 18.01.2010 година на МВР Ц. п. с.О. за к. т. С. и од увидот во швајцарска дозвола за престој на странец со сериски број А 1. се утврди дека истата е оригинална како образец, но извршена е замена на оригиналната фотографија со фотографија на обвинетиот и бришење на оригиналните податоци и впишување на други неоригинални податоци.

По однос на правната оцена на делото, се утврди дека во дејствијата на обвинетиот Ш. Б.од В.,К., се содржани битните елементи на кривичното дело Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ, бидејќи се докажа дека истиот на 17.01.2010 година во 16,00 часот на ГП Б. на излез од Р.Македонија ја употребил како вистинска преправената вистинска јавна исправа-швајцарска дозвола за престој на странец со сериски број А1.. По однос на субјективното -4-
битие на делото, обвинетиот истото го сторил со умисла, постои свест и намера кај истиот за употреба на преправената јавна исправа како вистинска.
Судот ја ценеше одбраната на обвинетиот и неговото признание кое кореспондира со изведените писмени докази.

При одмерувањето на видот и висината на казната, судот ги имаше во превид сите околности што влијаат казната да биде помала или поголема (олеснувачки и отежнувачки околности), пред се степенот на кривичната одговорност на обвинетиот, побудите од кои е сторено делото, начинот на извршувањето на кривичното дело и настанатата конкретна последица, се поголемата зачестеност на ваквите кривични дела, а како особено олеснувачки околности судот ги имаше во предвид коректното однесување на обвинетиот пред судот, неговиот поранешен живот и личните прилики, фактот дека е млада личност, неговата семејна и материјална состојба, дека е татко на едно дете, дека не е неосудуван и не се води постапка за друго кривично дело, па во рамките на наведените околности со примена на одредбите од чл.40 и 41 од КЗ за ублажување на казната, одлучи на обвинетиот да му изрече казна затвор во траење од 30-триесет дена, која е под законскиот миним за ова кривично дело, оправдано очекувајќи дека со истата ќе се постигнат целите на казнувањето предвидени во чл.32 од КЗ, како и воспитно ќе се влијае на планот на генералната превенција.
Согласно чл.47 од КЗ, во изречената казна затвор спрема обвинетиот се засметува и притворот определен со решение на Кривичниот совет на овој суд Кс.бр.4/10 од 18.01.2010 година, продолжен со решение на судечкиот совет К.бр.17/10 од 02.02.2010 година, сметано од денот и часот на лишувањето од слобода – 17.01.2010 година од 16,00 часот.
Согласно чл.38-г од КЗ, судот на обвинетиот Ш. Б. му изрече споредна казна- Протерување странец од земјата во траење од 2-две години, започнувајќи од денот на протерувањето на обвинетиот од територијата на Република Македонија.
Согласно чл.89 ст.2 т.1-5 од ЗКП-пречистен текст, се задолжува обвинетиот да ги надомести трошоците на кривичната постапка во износ од 1.600,оо – илјада и шестотини денари и тоа за награда за судскиот преведувач, веднаш по правосилноста на пресудата.
Согласно чл.89 ст.2 т.6 од ЗКП-пречистен текст, се задолжува обвинетиот да плати паушал во корист на буџетските средства во износ од 2.000,00 - две илјади денари, веднаш по правосилноста на пресудата.
Согласно чл.100-а ст.2 од КЗ, од обвинетиот се одзема преправената вистинска јавна исправа- швајцарска дозвола за престој на странец- дводелна со с/б А 1. на име обвинетиот Ш. Б. како предмет употребен за извршување на кривичното дело.

ОСНОВЕН СУД ГЕВГЕЛИЈА, К.бр.17/10 од 02.02.2010 година
Претседател на советот,
Записничар, С у д и ј а,
Нада Милкова Маја Аврамова
ПРАВНА ПОУКА: Рок за жалба 15 дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.

Назад