Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
19.02.2014
...
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Гевгелија

22.10.2009   P.br 434/08
П.бр.434/08

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


ОСНОВНИОТ СУД ГЕВГЕЛИЈА како надлежен, првостепен, парничен суд во состав од судијата Злата Попова како Претседател на совет и судиите поротници Аблакова Маргарита и Тошева Ирина членови на советот, со записничар Дилберова Тодорка, одлучувајки по предметот горен број, по тужба на тужителот Г. С. од Г. против тужениот Ц.У. на РМ С., работен спор – за поништување на решение за распоредување со алтернативно барање за надомест на разлика од плата, вредност на спорот неопределена, по одржаната и заклучена главна, јавна и усна расправа на ден 03.6.2009 година во присуство на полномошникот на тужителот, адвокат С. Д. од Битола и на полномошникот на тужениот, Н.М. од С. по овластување на ДП на РМ, на ден 08.6.2009 година во отсуство на странките уредно викани ја донесе и објави следната:



П Р Е С У Д А


Тужбеното барање на тужителот Г. С. од Г. против тужениот Ц. У. на РМ С., со кое бара да се поништат како незаконити решението бр.... на тужената ЦУ. на РМ и решението бр.... на Комисијата ... (кои не се во надлежност на Агенцијата за државни службеници) и да се задолжи тужениот да го распореди тужителот на работно место согласно неговата стручна спрема, како и алтернативно поставеното барање да се задолжи тужениот да му исплатува плата во висина на платата на претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на платите на Ц.У. и да се задолжи да му исплати на тужителот разлика на досегашната неисплатена плата по овој основ, како и да му ги надомести трошоците по постапката СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.


СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот да ги надомести трошоците по постапката на тужениот во вкупен износ од 21.840,оо денари, сето во рок од 8 дена од приемот на пресудата, под страв на присилно извршување.

Поголемото барање на тужениот да се задолжи тужителот да ги надомести трошоците по постапката од досудените 21.840,оо денари до бараните 26.520,оо денари СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

О б р а з л о ж е н и е


Тужителот Г. С. од Г. до овој суд поднесе тужба против тужениот Ц.У. на РМ, за поништување на решение за распоредување со алтернативно барање за разлика од плата, вредност на спорот неопределена, по која е заведен предметот горен број.


Тужителот во тужбата и на расправата преку својот полномошник наведе дека тужителот е вработен кај тужениот, дека е на возраст од 59 години и има помалку од 5 години до одење во старосна пензија. Тужителот има завршено више школско образование, пред основањето на ЦУ на РМ е на работа кај тужениот, а до донесувањето на оспореното решение за распоредување работел на работно место со висока школска спрема. Со оспореното решение директорот на тужениот го распоредил на работно место цариник во ЦИ ЖС Г. при Ц.Г., за кое е предвидена средна школска спрема, со соодветна плата за тоа работно место. По поднесен приговор од страна на тужителот, второстепената комисија донела решение со кое е одбиен приговорот на тужителот како неоснован. Наведе дека ваквите решенија се спротивни на чл.62 и чл.72 од Колективниот договор за работни односи во Ц.У., дека неможат да се донесат еднострано од страна на тужениот, како и дека се спротивни на Законот за работни односи.


Намалената работна способност предвидена во одредбата од чл.72 од КД наведе дека претставува имплементација на чл.179 од ЗРО односно истата се претпоставува, поради што е поставено и алтернативното барање. Околноста дека против тужителот се води кривична постапка наведе дека не претставува доказ дека кривичното дело е сторено пред да постои правосилна
2. П.бр.434/08



судска постапка. Поради наведеното предложи да се усвои тужбеното барање на тужителот, да се поништат како незаконити оспорените решенија за распоредување и да се задолжи тужениот да го распореди тужителот на работно место согласно неговата стручна спрема, а доколку не биде усвоено вака поставеното тужбено барање, да се задолжи тужениот да му исплаќа плата на тужителот во висина на платата од претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на платите во Ц.У., како и да му исплати разлика на досегашната неисплатена плата по овој основ.

Предложи писмени докази. Трошоци побара.


Тужениот во одговор на тужбата и на расправата преку својот полномошник наведе дека тужбеното барање е неосновано, од причина што согласно Правилникот за организација на работата кај тужениот за работно место Виш цариник во Отсек за стоково царинење во ЦИ Г. како посебен услов е предвидено седми степен високо образование, а кое тужителот не го исполнува, како и од причини што за ниту едно работно место не се бара како посебен услов виша техничка школа, па е донесено оспореното решение за распоредување на работно место соодветно на степенот на образование на тужителот, согласно чл.63 ст.1 од Законот за царинска управа. Наведе дека е неосновано повикувањето на тужителот на одредбата од чл.62 ст.2 од Колективниот договор на тужениот бидејки истата не е облигаторна туку е предвидено дека директорот на тужениот може да одлучи имајки ги во предвид професионалното искуство и одликувањата на работникот. Со оглед дека одредбите од ЗРО не предвидуваат можност распоредувањето на работник да се врши врз основа на взаемна согласност меѓу работникот и работодавачот, во конкретниов случај оспореното решение е донесоно согласно ЗЦУ и КД кои исто така ги уредуваат односите во Ц.У.

Во однос на алтернативното барање на тужителот да му се исплатува плата во висина на платата од претходното работно место и да се исплати разлика на досега неисплатената плата, наведе дека е неосновано од причина што согласно чл.72 од Колективниот договор на тужениот потребно е тужениот да докаже со писмени докази дека постои намалена работна способност предизвикана од старост и истоштеност, а не само да се повикува на наведената одредба. Предложи да се одбие тужбеното барање на тужителот како неосновано.
Предложи писмени докази. Трошоци побара.


Судот ги изведе предложените докази, односно изврши увид во решение бр.... на Комисијата ....(кои не се во надлежност на Агенцијата за државни службеници), во решение бр.... на тужениот, правилник за организација и работа на Ц.У., уверение за положен стручен царински испит бр...., диплома од В.Т.Ш. во Б. бр.... на име тужителот, извод од МКР на име тужителот, решение ..., решение ..., фотокопија од работна книшка и фотокопија од персонален картон, па врз совесна и грижлива оцена на секој доказ посебно и на сите докази заедно, како и врз основа на резултатите од целокупната постапка, согласно чл.8 од ЗПП ја утврди следната фактичка состојба:


Тужителот Г. С. има завршено В. Т.Ш. во Б. во траење од 4 семестри, се стекнал со звање машински инженер за што му е дадена диплома од В. Т.Ш. во Б. бр.....

Истиот, врз основа на решение ..., е вработен кај тужениот Ц. У. на РМ, на неопределено работно време сметано од 01.9.1975 година на работно место со средна стручна спрема Цариник на контрола на патничкиот промет, со кое е задолжен во рок од 1 година од денот на приемот во царинската служба да положи стручен испит за царински работник со средна стручна спрема.

На ден 27.12.1976 година тужителот положил стручен царински испит за царински работник со виша и висока школска спрема, за што му е издадено уверение бр.16033/6 од 27.12.1976 година од С.Ц.У..

Тужителот работел на работно место Виш цариник во Отсекот за стоково царинење во ЦИ ЖС Г., се до донесувањето на оспореното решение бр.... на директорот на тужениот со кое, согласно чл.63 ст.1 од Законот за царинската управа, се распоредува на работно место Цариник во ЦИ ЖС Г., а дотогашните решенија за распоредување сметано од 2002 година, како и сите одлуки со кои тужителот бил распореден на работно место за кое како посебен услов е образование од 7ми степен, се ставаат вон сила. Со ова

3. П.бр.434/08



решение, за извршување на работите и задачите од работното место на кое се распоредува, на тужителот му е определена плата во износ од 1230 бода и соодветен процент по основ на работно искуство. Во образложението на ова решение е наведено дека тужителот не исполнува еден од посебните услови за работа на работни места Виш цариник и Виш цариник водач на смена-образованието. Со оглед дека бил распореден на овие работни места спротивно на Правилниците за систематизација на работните места во Ц.У., како и со оглед дека за ниту едно работно место во Ц. У. како посебен услов не е предвидена виша техничка школа, се распоредил на работно место согласно неговата стручна спрема.


Против ваквото решение, тужителот изјавил приговор, кој со решение бр. ... на Комисијата ...(кои не се во надлежност на Агенцијата за државни службеници), е одбиен како неоснован, а решението за распоредување е потврдено. Во образложението на ова решение е наведено дека во конкретниов случај се работи за распоредување на работник поради потреба на органот и дека работникот не ги исполнува посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Ц.У., поради тоа што приговорот е одбиен како неоснован а решението за распоредување е потврдено.


Сметајки дека се незаконски решението за распоредување на директорот на тужениот и второстепеното решение на Комисијата, тужителот ја поднесе оваа тужба за поништување на наведените решенија како незаконити, со истакнување и на алтернативно тужбено барање, согласно чл.72 од Колективниот договор на тужениот, со кое бара да се задолжи тужениот да му исплати плата на тужителот во висина на платата од претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на платите во Ц.У., како и да му исплати разлика на досегашната неисплатена плата по овој основ.


Ваквата фактичка состојба судот ја утврди од изведените докази во текот на постапката и тоа:

Од увидот во диплома од В.Т.Ш. Во Б. бр...., се утврди дека тужителот има завршено више образование.

Од увидот во решение ...а, се утврди дека тужителот е вработен кај тужениот, на неопределено работно време сметано од 01.9.1975 година на работно место со средна стручна спрема.

Од увидот во уверение бр..... од С.Ц.У., се утврди дека тужителот тужителот положил стручен царински испит за царински работник со виша и висока школска спрема.

Неспорно меѓу странките, но и од увидот во решение бр.04-4/430 од 20.8.2009 година на директорот на тужениот, се утврди дека пред донесување на оспореното решение тужителот работел на работно место Виш цариник во Отсекот за стоково царинење во ЦИ ЖС Г..

Од увидот во решение бр....на директорот на тужениот, се утврди дека тужителот е распореден на работно место Цариник во ЦИ ЖС Г., а од увидот во решение бр.... на Комисијата ... (кои не се во надлежност на Агенцијата за државни службеници) се утврди дека тужителот искористил првостепена заштита и поднел приговор против ваквото решение, кое е одбиено како неосновано.


Согласно чл.62 од Колективниот договор за работните односи во царинската управа на РМ бр.6 од 17.3.2003 година „Работникот вработен во Царинската управа на РМ пред нејзиното формирање кој има еден степен пониска стручна подготовка во однос на бараната спрема во посебните услови од Правилникот за систематизација на работите и задачите на Царинската управа, кој бил распореден на работно место со еден степен повисока стручна спрема од онаа која тој ја има, а има положено стручен испит за работно место со повисока стручна спрема за еден степен од таа што ја поседува, може да биде распореден на соодветното работно место.“

Согласно чл.63 ст.1 од Законот за Царинската управа (Сл.весник на РМ бр.46/04, 81/05, 107/07 и 103/08) „Во интерес на Царинската управа, царинскиот службеник може на определено
4. П.бр.434/08



или неопределено време да биде распореден на друго работно место кое одговара на неговото професионално искуство, знаење и квалификации.“, а согласно ставот 5 од овој член „Директорот или од него овластено лице донесува одлуки во однос на прераспоредувањата.“

Согласно Правилникот за организација и работа на Ц.У. бр...., во Царинска испостава Ж.С.Г., во Отсекот за стоково царинење, е предвидено работно место Виш цариник за кое како посебни услови се предвидени економски, правен, машински, електротехнички, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, стручна обука од областа на царински надлежности, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.


Наспорно помеѓу странките се утврди дека тужителот има завршено виша техничка школа, како и дека истиот има положено стручен испит од царинската струка за царински работник со виша и висока стручна школска спрема, кој согласно Правилникот за систематизација на работите и задачите на Ц.У. му се признава како исполнет услов за стручна обука од областа за царинско работење.


Судот ги ценеше наводите на полномошникот на тужителот дека тужениот неможе распоредувањето на тужениот да го изврши еднострано, како и дека таквото распоредување е спротивно на чл.78 од ЗРО каде за распоредување е предвидено отказ на договорот за вработување за конкретното работно место и понуда за склучување на нов договор за вработување со ново работно место, но најде дека истите се неосновани во конкретниов случај. Одредбата од чл.78 од ЗРО го определува начинот на постапување на работодавецот во случаи кога му е потребна промена на определени елементи од договоорт за вработување помеѓу него и работникот, како што се промена на работното место, износот на плата, местото на извршување на работните задачи и др.елементи. Законот за работните односи преставува општ материјален закон кој ги уредува работните односи помеѓу работниците и работодавачите и кој предвидува дека работниот однос се уредува со овој и со друг закон, колективен договор и договор за вработување чл.1. Овој закон претставува општа рамка на уредување на овие односи и предвидува дека и со друг закон може истите да се уредат.

Законот за царинската управа претставува закон лех специалис во однос на уредување на односите меѓу вработените во Царинската управа и Царинската управа, истиот конкретно ги доуредува, појаснува и прецизира постапката, правата и обврските за двете страни во Царинската управа и истите ги предвидува во дадените рамки од Законот за работните односи.

Со оглед дека за работното место Виш цариник во Отсекот за стоково царинење во Ц.И. Ж.с. Г. како посебен услов е предвидено високо образование, кое тужителот го нема, неговите професионални квалификации одговараат за работно место со евентуално више или средно образование, кое неспорно тужителот го има. Директорот на тужениот во интерес на потребите на органот може и со решението за распоредување на тужителот, го распоредил на друго работно место кое одговара на неговото образование. Ваквото решение е донесено врз основа на законска одредба која претставува конкретна одредба за распоредување и тоа само за вработените во Ц.У., во постапка и форма предвидени со овој закон, поради што истото е законито и е донесено во постапка и од лице предвидни со законот. Неосновани се наводите на тужителот дека само поради тоа што има положен стручен царински испит за виша или висока школска спрема и поради тоа што досега бил распоредуван на работни места за кое е предвидено високо образование, треба да му се признае дека истиот има високо образование, кога со положениот стручен царински испит му се признава исполнет друг посебен услов предвиден за одредено работно место - стручна обука од областа на царински надлежности.


Со оглед дека тужениот го распоредил тужителот согласно чл.63 ст.1 од ЗЦУ, судот најде дека неосновани се наводите на тужителот дека е распореден во незаконита постапка, имајки во предвид дека и претходните распоредувања на тужителот биле согласно одредбите од Законот за царинската управа и истиот ги прифатил односно не приговарал дека распоредувањето треба да се изврши согласно ЗРО. Поради наведеното судот најде дека правилно второстепениот орган го
5. П.бр.434/08



одбил приговорот на тужителот, наоѓајки дека распоредувањето на тужителот е за потребите на органот, дека тужителот не ги исполнува посебните услови предвидени со Правилникот за работно место Виш цариник и го распоредил на работно место соодветно на образованието на тужителот.

Исто така неоснован е наводот на тужителот дека тужениот може согласно чл.62 од КД да го распореди на работно место со еден степен повисока стручна спрема од онаа што ја има бидејки е вработен кај тужениот пред неговото формирање и има положено стручен испит за работно место со повисока стручна спрема. Колективниот договор на тужениот не е усогласен со одредбите од ЗРО, согласно чл.269 ст.1 од ЗРО и истиот согласно ст.2 од овој член престанува да важи, која е императивна законска одредба, а доколку и ја прифатат ваквата одредба двете страни, како поповолна за работникот, постапувањето по неа и одлучувањето е оставено на диспозиција на работодавачот и не претставува облигаторна обврска.

Со оглед на наведеното судот најде дека првото тужбено барање на тужителот со кое бара да се поништат како незаконити решението за распоредување на тужителот донесено од страна на директорот на тужениот и второстепеносто решение со кое е одбиен како неоснован приговорот на тужителот и решението за распоредување потврдено, е неосновано и како такво го одби.


Второто тужбено барање на тужителот со кое бара согласно чл.72 од Колективниот договор, доколку се одбие како неосновано првото, да се задолжи тужениот да му исплаќа плата на тужителот во висина на платата од претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на платите во Царинската управа, како и да му исплати разлика на досегашната неисплатена плата по овој основ, судот најде дека е неосновано и како такво го одби од следниве причини:

Согласно чл.72 од Колективниот договор за работните односи во царинската управа на РМ бр.6 од 17.3.2003 година „ Работникот со намалена работна способност предизвикана со старост и истоштеност, а кој е 5 години пред одење во пензија и е распореден на помалку вреднувано работно место, има плата во висина на платата од претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на платите во Царинската управа.“

Согласно чл.59 ст.1 од ЗЦУ „Потпишувањето на договор и засновањето на работниот однос ќе се изврши откако од страна на здравствена установа определена од царинската управа се утврди дека кандидатот за царински службеник ги исполнува соодветните здравствени стандарди за вршење на работите на работното место.“, а ставот 2 од овој члн предвидува „При унапредување и прераспоредување се применува истиот услов од ст.1 на овој член, ако тоа го бара работното место.“


Освен што одредбата на која се повикува тужителот од КД престанала да важи, како напред наведеното, доколку и се прифати од двете страни, за нејзиното исполнување е потребно да се утврди дека кај царинскиот службеник има намалена работна активност предизвикана со старост и истоштеност, а што се применува и при прераспоредување на работникот, согласно чл.59 ст.2 од ЗЦУ. Ова исто така и согласно чл.50 ст.1 од ЗЦУ вв со чл.34 ст.1 т.1 од Законот за здравствена заштита (Сл.весник на РМ бр.17/97, 10/04, 84/05, 111/05, 65/05, 5/07 и 77/08) кој предвидува дека „Организациите од свои средства им обезбедуваат специфична здравствена заштита на своите работници, и тоа: 1. Прегледи заради утврдување на здравствената состојба и работната способност на работниците за вршење на одредени работи и работни задачи;“

Основани се наводите на тужителот дека одредбата од чл.72 од КД има социјален и хуман карактер, но исто така за примена на ова социјално право предвидени се и услови кои треба да

бидат исполнети за нејзина примена. Како тужителот нема доказ дека му е утврдена намалена работна способност поради старост и истоштеност, истиот не го исполнува бараниот услов и неосновано бара исплата на плата во висина на платата од претходното повисоко вреднувано работно место и исплата на разлика по овој основ.

Наводите на тужителот дека одредбата од чл.72 во КД претставува имплементација на одредбата од чл.179 од ЗРО се нецелосни од причини што посебната заштита која ја уживаат работниците повозрасни од 57 години предвидена во чл.179 е определена со ограничувањето

6. П.бр.434/08



дадено во наредниот чл.180 според кој работодавачот несмее да му одреди прекувремена или ноќна работа, без согласност на повозрасниот работник.


Согласно чл.148 ст.1 вв со чл.157 од ЗПП судот го задолжи тужителот да ги надомести трошоците по постапката на тужениот во вкупен износ од 21.840,оо, од кои 3.900,оо денари за состав на одговор на тужба, 3.900,оо денари за образложен поднесок од 17.3.2009 година и за застапување од полномошник на 3 одржани расправи од по 4.680,оо денари или 14.040,оо денари.

Поголемото барање за надомест на трошоците на тужениот од досудените 21.840,оо денари до бараните 26.520,оо денари, судот го одби како неосновано од причина што во текот на постапката се одржаа 3 рочишта на кои тужениот беше застапуван, а не 4 како што бара, поради што неосновано е барањето за надомест за уште едно застапување од по 4.680,оо денари.


Предвид на напред наведеното, судот одлучи како во изреката на оваа пресуда.

ОСНОВЕН СУД ГЕВГЕЛИЈА
П.бр.434/08 од 08.6.2009 година



Претседател на совет

С у д и ј а

Злата Попова с.р.





ПРАВНА ПОУКА: Против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена по приемот, преку овој суд до Апелационен суд во Скопје.

Назад