Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
 
Местоположба
Основниот суд Гевгелија се наоѓа во централниот дел во Гевгелија, на ул.„Димитар Влахов“ бр.2. Судската зграда се состои од приземје и два ката. Покрај Основниот суд Гевгелија во судската зграда се сместени Основното Јавно обвинителство Гевгелија и Државното правобранителство на Република Македонија за подрачје на Гевгелија. Во непосредна близина на судската зграда се наоѓа Собранитето на Општина Гевгелија.

Мапа со локација на судот: ТУКА
 
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Гевгелија ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Гевгелија ја сочинуваат следните групи на информации:
1 Општи информации за судот 3 Судска Власт
2 Судска пракса 4 Контакт информации
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Гевгелија со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот Суд во Гевгелија или да го симнат тука.

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Гевгелија, ул. “Димитар Влахов“, бр.2 или на e-mail: osg@t-home.mk, како и на факс бр.034 212-851.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 034 381-814 и 034 212-851.

Основен Суд Гевгелија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: судија Станка Кимова.
 
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме.
 
Име и презиме:
Адреса:
Телефон:
Емаил Адреса:
 *    
Тема на Пораката:
 *  
 
Содржина на Пораката:
 *  
 
 
Полињата означени со * се задолжителни.